Приватност

Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот Kauza.mk, како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Основни одредби

  • Сите приватни податоци под контрола на Kauza.mk се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.
  • Личните податоци под контрола на Kauza.mk се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.
  • Политика на Kauza.mk е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определен со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани.
  • Податоците кои се прибираат преку веб-сајтот се користат само за статистички потреби, а не и за следеење на активноста на поединечни корисници.
  • Во случај на криминална истрага, Kauza.mk се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Користење кукија

Веб-сајтот користи кукија или колачиња (cookies) во следните случаи

  • За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети. Во моментов на веб-сајтот нема активни анкети.
  • При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен.

Серверски логови

За секој од веб-сајтовите на Фондацијата Метаморфозис соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.

Екстерни бројачи на посети

Веб-сајтот користи екстерен бројач на посети: Гугл аналитикс. Екстерниот бројач има пристап до следните податоци за посетителите IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачите.

  • Резултатите од бројачот Гугл аналитикс не се јавно достапни и се користат само за статистички аналаизи.

Е-пошта

Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон.

Контакт

За сите прашања поврзани со Вашите лични податоци складирани од страна на Kauza.mk, обратете се директно на kauza@metamorphosis.org.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *