За проектот

Проектот има за цел да овозможи демократски развој во Македонија, преку употребата на нови технологии – социјалните медиуми и содржините генерирани од граѓаните. Проектот ќе се фокусира на градење на капацитетите на активистите кои веќе работат на одредена кауза во рамките на своите заедници и на национално ниво, со цел да им се обезбедат вештини и алатки кои ќе им овозможат да се поврзат меѓусебно, како и со општата популација. Примарните корисници на проектот ќе ја сочинуваат главната група на лидери кои ќе го распространуваат знаењето понатаму во рамките на нивната заедница и на национално ниво преку онлајн алатки и подигање на јавната свест за нивната конкретна кауза. Учесниците на обуката ќе бидат избрани преку јавен конкурс објавен на веб-сајтови, мејлинг листи и блогови кои ги користат невладини организации и граѓански активисти, што всушност е еден вид на претходно селектирање само на оние кандидати кои ги имаат потребните вештини и интерес.

Цел на проектот:

Распространување на технички и лидерски вештини во граѓанскиот сектор во Македонија, овозможувајќи им на невладините организации и индивидуалните активисти да почнат да ги користат тие вештини како средства за позитивна општествена промена во однос на избраната кауза.

Очекувани резултати:

  • Создавање на тимови од активисти кои ќе ја преземат водечката улога во рамките на нивната заедница, со употреба на новите технологии за лобирање, застапување и подигање на јавната свест за каузите за прогресивни промени во општеството, на локално и на национално ниво.
  • Создавање на онлајн заедници за одредени каузи од големо значење за развојот на македонската демократија конкретно, како и за општествените прашања воопшто.
  • Обучените корисници на проектот да останат како ресурс за други локални активисти од нивните заедници, да даваат совети и помош во врска со употребата на технологијата и нејзината имплементација за остварување на социјални промени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *